Дома Фудбал Арсенал сака долгорочна доминација, со овие три потписи сè е можно!

Арсенал сака долгорочна доминација, со овие три потписи сè е можно!

Екипата на Арсенал е главен фаворит за освојување на титулата шампион на Англија и никој не бега од тоа.

Фудбалерите на Микел Артета се моментално прво пласирани на табелата, играат во одлична форма и изгледа дека, поради нешто послабите игри на нивните најголеми ривали, Ливерпул и Манчестер сити, можат конечно до трофејот што го чекаат повеќе од дваесет години.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Но, во Арсенал размислуваат и долгорочно.

По извонредниот трансфер период кога ги доведоа Ѓокереш, Езе и Мадуеке, следат продолжувања на договорите на главните фудбалери за долгорочна доминација.

Прво, Букајо Сака, целта на управата е да потпише долгорочен договор, да му се зголемат примањата, а сè оди во добра насока за обете страни и се очекува наскоро да потпише нов договор со “топчиите”.

Не е единствениот со кој се преговара, се водат и напредни преговори со Тимбер, но сме сè поблиску и до потпишување договор со Деклан Рајс.

Основата на тимот е тука, сега му останува на Артета да го изврши својот дел од работата на најдобар можен начин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Вирц згреши што потпиша за Ливерпул“

Поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман смета дека Флоријан Вирц направи грешка…