
Младиот германски фудбалер Ленарт Карл ја воодушеви фудбалската јавност со своите настапи во дресот на Баерн и јасно е дека клубот од Алијанц Арена има вистински дијамант во своите редови. Поради тоа, веќе му подготвуваат договор кој ќе го потпише кога ќе стане полнолетен, а платата ќе биде драстично повисока од онаа која ја има во моментот.
Овој 17-годишник доби неочекувано шанса во новата сезона од Винсент Компани, која ја искористи максимално и покажа дека Баерн во своите редови има вистински дијамант.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Минатата недела за Ленарт беше како од соништата затоа што прво го постигна својот деби погодок за Баерн во Лигата на шампионите, а неколку дена подоцна се покажа и во германската Бундеслига.
Во Баерн се свесни каков чудо од играч имаат и сакаат што побрзо да се осигураат за да Карл остане долги години во Алијанц Арена.
Тој во моментов има договор со Баерн до летото 2028 година, но тоа не е професионален договор затоа што уште не е полнолетен.
Сепак, на 22 февруари идната година Карл ќе го прослави својот 18. роденден и германските медиуми наведуваат дека на истиот ден Баерн сака да ја формализира соработката која веројатно ќе биде потпишана до летото 2029 година.
Според тековниот договор Карл заработува „трошка“ во споредба со другите играчи и неделно инкасира 10.500 евра.
Сепак, јасно е дека со потпишување на новиот договор неговата плата ќе биде драстично поголема и како што пишува Кикер, од февруари треба да има плата од околу 100.000 евра неделно што е навистина огромна разлика.