Дома Фудбал Останато Тензии во Црна Гора, се вклучија и навивачите со закани кон Турците (Видео)

Тензии во Црна Гора, се вклучија и навивачите со закани кон Турците (Видео)

По инцидентот кој пред две ночи го потресе подгоричкото маало Забјело, црногорската полиција приведе повеќе десетици странски државјани и спроведе низа контроли, додека две мажи од Азербејџан и Турција се уапсени поради сомнение дека нападнале млад маж и му нанеле повреди.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Навивачката група „Варвари“ се огласи на социјалните мрежи и најави нови протести.

„Мигрантите ги напаѓаат нашите жени, киднапираат и снимаат деца, пљачкосуваат по улиците, вооружени шетаат низ улиците на Подгорица, а за крај го имаме епилогот на ранет нашиот другар од Забјело. Порачуваме дека тоа повеќе нема да биде, и ако државата не е способна да нè заштити, ние ќе ги заштитиме нашите мајки, сестри и самите нас. Утре (вторник) во 19:00 часот е протест пред Владата“, објавија Варварите.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скандал: Упасена е УФЦ ѕвезда, му се заканува и затворска казна!

Познатиот ММА борец и поранешен предизвикувач за титулата во полутешка категорија на УФЦ, …