
Виктор Вембанјама (21), одлично ја започна новата сезона во НБА лигата.. Центарот на Сан Антонио Спарс остварува просек од 31 поен, 13.8 скокови, 4.8 блокади и 2.8 асистенции по натпревар. Спарс исто така одлично ги стартуваа настапите, а Вемби ги водеше до четири победи од исто толку одиграни натпревари оваа сезона.
Во победата со 121:103 над Торонто Репторс, Вембанјама постигна 24 поени, 15 скокови и четири асистенции. Имаше само еден промашен шут од седум обиди, додека од линијата за слободни фрлања беше прецизен (10/10). По натпреварот, социјалните мрежи повторно беа преплавени со видео клипови од најдобрите моменти на Вемби од мечот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
И додека претходно најмногу импресионираше со кошеви и блокади, овој пат внимание привлече со асистенција. Неговото додавање до Девин Васел беше прогласено за најдобра асистенција на натпреварот. Претходно имаше одличен дриблинг каде што Вембанјама, во полна трк, топката ја помина зад грбот и така се ослободи од чуварот, а потоа му ја подаде на Васел кој изведе забивање.. Погледнете ја асистенцијата ТУКА.
Со ова, Вембанјама уште еднаш покажа како извонредно добро се движи, особено за највисокиот играч моментално во НБА лигата. Да се потсетиме, Французот пред две години…