Дома Фудбал Татко му е легенда на Бразил, тој ќе игра за Англија

Татко му е легенда на Бразил, тој ќе игра за Англија

Малиот син на легендарниот бразилски дефанзивец Тијаго Силва – Јаго Силва, доби прв повик за националниот тим на Англија за играчи до 15 години. Тој е од академијата на Челси, каде што игра откако неговиот татко се префрли во лондонскиот тим во 2020. 14-годишниот Јаго Силва, исто така, е дефанзивец и веќе ги воодушевува сите со своите технички вештини и способноста да ја чита играта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Повикот за дефанзивецот не гарантира дека тој ќе одлучи во иднина да игра за Англија, но го покажува стремежот на Фудбалската асоцијација на Англија да ги задржи талентите кои се развиле на територијата на земјата. Силва може да одлучи во наредните години да игра за неговиот роден Бразил.

Самиот Тијаго Силва, кој се врати во Бразил за да игра за Флуминенсе, не ја скри гордоста за постигнувањето на својот син, пофалувајќи ја неговата работа и дисциплина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалскиот свет чека „бел чад“ од Мадрид: Објавена информацијата колку пари Реал му понуди на Винициус

Најважната приказна од овој трансфер период е брилијантниот бразилски репрезентативец и ед…