Дома Фудбал Вардар ја победи Шкендија по осум години и се искачи на врвот во ПМФЛ! (Видео)

Вардар ја победи Шкендија по осум години и се искачи на врвот во ПМФЛ! (Видео)

Фудбалерите на Вардар конечно ја прекинаа долгогодишната „црна серија“ против Шкендија и со минимални 1-0 од Тетово се враќаат како нови лидери во Првата македонска фудбалска лига.

Во дербито на колото немаше многу возбуда и шанси — повеќето дуели се водеа на средината од теренот, без поголеми закани за двата гола. Сепак, едно невнимание во одбраната на домаќините се покажа како клучно. На почетокот од второто полувреме, Алхасан играше со рака во својот шеснаесетник, а судијата веднаш покажа на белата точка. Одговорноста ја презеде Давид Бабунски и со прецизен удар му донесе водство на Вардар.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


По водството, избраниците на Гоце Седлоски вешто го контролираа темпото и не ѝ дозволија на Шкендија да воспостави ритам. Сепак, во самиот финиш Тетовци беа блиску до израмнување – во 88. минута Бесарт Ибраими ја затресе мрежата на Талески, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд.

Со овој триумф Вардар стигна до 24 бода и се искачи на првото место на табелата, пред Струга со еден и Силекс и Шкендија со два бода помалку.

Интересен е и историскиот контекст: ова е прва победа на „црвено-црните“ над големиот ривал по цели осум години. Последен пат Вардар ја совладал Шкендија во 2017 година во Скопје со 4-2. Во меѓувреме, двете екипи одиграа 21 натпревар – тетовци славеле на 12, а девет средби завршиле без победник.

Со оваа победа Вардар не само што се враќа на врвот, туку и симболично покажува дека повторно се враќа во борбата за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голема трагедија ја погоди Шпанија:Почина млад фудбалер на 15 години!

Голема трагедија го погоди шпанскиот фудбал, по проширувањето на веста за смртта на младио…