
Осумнаесетгодишната sвезда на Барселона, Ламине Јамал, наскоро ќе го комплетира купувањето на еден од најпознатите имоти во светот на спортот и забавата – вилата каде што живееја Жерард Пике и Шакира.
Сместена во ексклузивната населба Сиутат Дијагонал во Есплугес де Љобрегат, оваа луксузна недвижнина е позната по својата извонредна приватност и безбедност, како и блискоста до домовите на други играчи на Барса, како што се Алехандро Балде и Роналд Араухо.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Според шпанските медиуми El País и El Periódico, имотот е проценет на околу 14 милиони евра и се протега на парцела од 3.800 квадратни метри, вклучувајќи три куќи. Комплексот нуди три големи вили, затворен и отворен базен, теретана и низа други луксузни содржини.
Во план е поранешниот дом на познатиот пар да се преуреди во високо-перформансна резиденција, специјално прилагодена за потребите на елитен спортист, со приватна теретана, физиотерапевт, тренер за фитнес, простор за одмор и дружење, како и модернизиран безбедносен систем.
Во 2012 година, вилата беше дизајнирана од архитектката Мирија Адметлер како дома за Шакира, Пике, нивните деца и родителите. По многу години во сопственост на познатиот пар, овој луксузен дом сега ќе припаѓа на еден од најперспективните млади фудбалери во светот.
Со купувањето на оваа вила, Ламин Јамал не само што добива дом од соништата, туку и симболично влегува во простор што некогаш припаѓал на еден од најпознатите парови на минатата деценија.