Дома Фудбал Во Барселона си признаа: Јамал го изеде атмосферата во Мадрид!

Во Барселона си признаа: Јамал го изеде атмосферата во Мадрид!

Рeал Мадрд ја совлада Барселона со 2:1 во десеттото коло на Ла Лига. Реал поведе на домашен терен во 22. минута со голот на Килијан Мбапе, додека Барселона израмни преку Фермин Лопез во 38. минута. Реал повторно дојде до предност со голот на Џуд Белингем во 43. минута.

Еден од помалку истакнатите играчи на теренот беше Ламин Јамал. Иако во Барселона очекуваа дека ќе биде клучен во нападот, тој не беше закана за Реал и беше невидлив. Помошниот тренер на Барселона, Маркус Сорг, го коментираше неговото издание и објасни зошто беше вакво:

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


“Се враќа по повреда. Му треба ритам, натпревари… Тоа е нормално. Има 18 години и мора да му дадеме време и поддршка. Противниците секако ќе се обидат да го неутрализираат и ќе се прилагодат за да се одбранат добро. Треба да работиме уште повеќе и да му помогнеме да го покаже своето најдобро на теренот.

Често го затвораа со двајца играчи и се трудеа да не дозволат да влезе во шеснаесетникот. Тоа е нормално. Млад е, треба да напредува, а ние сме тука да му помогнеме. Атмосферата го надвладеа. Учи како да се носи со публиката и негодувањето… Тоа е процес. Вистина е дека редовно е многу мотивиран, но денес не му беше лесно.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сите со Салах: Играчите на Ливерпул сакаат Слот да замине

Ливерпул поминува низ еден од најтешките периоди во последниве години. „Црвените“ не импре…