
Српскиот репрезентативец Сергј Миленковиќ-Савиќ потпиша нов договор со Ал Хилал до 2028 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
СМС беше во центарот на вниманието претходните денови бидејќи неговиот досегашен договор истекуваше на крајот од сезоната, па веќе на зима можеше без проблеми да преговара со други тимови, а потоа на лето да го смени клубот без обештетување. Како фаворит за негово ангажирање фигурираше Јувентус, но Сергј нема да се враќа во Серија А.
Сепак, реши да остане, а според некои информации ќе заработува 30 милиони евра по сезона.
Миленковиќ-Савиќ пристигна во Ал Хилал летото 2023 година, а досега одигра 105 натпревари, со учинок од 31 гол и 27 асистенции.
.📄 “سيرجي ساڤيتش” هلاليًا حتى 2028 🤩💙
— نادي الهلال السعودي (@Alhilal_FC) 26 октомври, 2025