Дома Фудбал Жестока пресметка на навивачи во Никшиќ – (Видео)

Жестока пресметка на навивачи во Никшиќ – (Видео)

Жесток судир на навивачи го обележа натпреварот од Втората лига на Црна Гора меѓу Интернационал и Беране.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Како што пренесува „РТЦГ“, натпреварот беше прекинат поради споменатите инциденти за половина час. На снимката се гледа како повеќе десетици момци влегоа на теренот, низ портата што се наоѓа во аголот на стадионот.

Навивачите на Беране беа нападнати од околу 30-тина најжестоки приврзаници на Сутјеска, таканаречените „војводи“. Пристапија до самиот агол на трибината, каде што се наоѓаа навивачите на гостинскиот тим и почнаа да ги гаѓаат со камења и светилки.

Навивачите на Беране возвратија, па судирот траеше неколку минути, колку што беше потребно полицијата да интервенира.

Ова е своевидна одмазда од „војводите“ за навивачите од северот на земјата за нападот што се случи минатата година во Беране.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен ден на „Олд Трафорд“: Детето на Јунајтед потпиша до 2031!

Талентираниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Коби Мајну (21), ја продолжи соработка…