Дома Фудбал Алонсо пред слатки маки, се враќаат четири фудбалери за „Ел Класико“

Алонсо пред слатки маки, се враќаат четири фудбалери за „Ел Класико“

Фудбалерите на Реал Мадрид се подготвуваат за дуелот со Барселона, а Чаби Алонсо денеска доби одлични вести.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По паузата поради повреда, денеска со остатокот од тимот редовно тренираа повратниците – Трент Александер-Арнолд, Дани Карвахал, Дин Хаусен и Дани Себалјос, па сега само надвор од стројот се Давид Алаба и Антонио Ридигер, кои сепак не би биле во план. 

И покрај овие вести, се очекува дека Алонсо нема да ризикува со повратниците, особено со Карвахал и Трент, кои паузираа повеќе од месец дена, додека се очекува Дин Хујсен да биде стартер по одмор од 15 дена. 

Според мадридските извори, вака би требало да изгледа составот на Реал Мадрид: 

Куртоа – Валверде, Милитао, Хаусен, Карерас – Чуамени, Камавинга, Белингем – Арда Гулер, Винисијус Жуниор, Ембапе.

Натпреварот Реал Мадрид – Барселона е на програмата во недела во 16:15.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот кој е „српски зет“ блесна на Мундијалот, па ја „пецна“ сопругата: Сега конечно ја надминав!

Меѓу најзабележливите фигури досега на Светското првенство во фудбал е голманот на Курасао…