Дома Останати Кошарка Чудо во НБА: Се најде херој кој забиваше преку највисокиот во лигата, но набрзо следеше одмазда (Видео)

Чудо во НБА: Се најде херој кој забиваше преку највисокиот во лигата, но набрзо следеше одмазда (Видео)

Изминатата ноќ беа одиграни вкупно дванаесет натпревари во НБА лигата. Од останатите натпревари се издвојува дуелот на Њу Орлеанс Пеликанси и Сан Антонио Спарс, кој им припадна на гостите по продолженија, 120:116.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во центарот на вниманието беа двајцата први избрани играчи на НБА драфтот, Зајон Вилијамсон од 2019 година и Виктор Вембанјама од 2023. Дуелот во резултат го доби центарот на Спарс, но сите ќе го запомниме и она што му го направи Зајон.

Имено, натпреварот штотуку започна, а во првиот напад веќе видовме забивање покрај Вембанјама, што е ужасно тешко за изведување поради конституцијата и атлетската градба на францускиот кошаркар. На Вилијамсон тоа сепак не му пречеше, а подоцна за време на натпреварот уште еднаш го постави на постер противникот и тоа уште побрутално, што можете да видите подолу.

Виктор не му остана должен до полувреме, па така видовме и дури пет рампи од страна на Вембанјама врз Зајон во рок од пет минути за време на вториот дел од првото полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…