Дома Фудбал Официјално: Рафа Бенитез има нов клуб, постави рекорд во Грција!k

Официјално: Рафа Бенитез има нов клуб, постави рекорд во Грција!k

По неколкудневни шпекулации, потврда конечно пристигна. Рафе Бенитез официјално е новиот тренер на Панатинаикос.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Панатинаикос веќе неколку дена најавуваше голем трансфер, кој конечно беше потврден денеска – Рафе Бенитез доаѓа на кормилото на клубот.

Бенитез пристигна во Атина во четвртокот, а во петокот беше објавено дека потпишал двегодишен договор со клубот.

Славниот шпански стратег, познат по освојувањето на Лигата на шампионите со Ливерпул, сега е најплатениот тренер во историјата на грчкиот фудбал.

За двете години негов ангажман, Панатинаикос ќе инвестира четири милиони евра!

Целата ситуација изгледа интересно, особено ако се погледне од аспект на неговата плата, бидејќи кариерата на Бенитез веќе долго време знае само за надолна патека. Неговата последна работа беше во Селта, од каде беше отпуштен во март, оставајќи го клубот само два бода над зоната за испаѓање.

Панатинаикос е 17. клуб кој ќе го води Бенитез како тренер.

Најголеми успеси имаше со Ливерпул и Валенсија, а трофеи донесе и за Интер, Челси, Наполи и Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бомба од Шпанија: Деко „уловен“ во Мадрид, отпатувал за да заврши голема зделка за Барселона!

Барселона наскоро би можела да го заврши еден од најатрактивните потези на летниот преоден…