Дома Останати Кошарка ФБИ откри детали за апсењата кои предизвикаа „земјотрес“ во НБА-лигата

ФБИ откри детали за апсењата кои предизвикаа „земјотрес“ во НБА-лигата

НБА-лигата, на самиот почеток од новата сезона се соочува со еден од најголемите скандали во својата историја.

Американската јавност е потресена по апсењето на тренерот Чонси Билапс и кошаркарот на Мајами Хит, Тери Розиер, а секојдневно излегуваат нови детали околу случајот.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Според информациите што ги објави новинарот Џо Помпилано по прес-конференцијата, ФБИ го потврдило апсењето на Билапс и Розиер, но открило дека меѓу приведените е и Демон Џонс – поранешен НБА играч и тренер, кој не бил спомнат во првичните извештаи.

Покрај нив, уапсени се уште 27 лица, меѓу кои и 13 припадници на мафијашки групи од 11 сојузни држави.

Сите тие се обвинети за сериозни кривични дела, меѓу кои нелегално коцкање, изнуда и перење пари преку илегални трансакции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Партизан за малку не го постави најлошиот рекорд во клупската историја

Кошаркарите на Партизан вечерва беа поразени во Каунас од екипата на Жалгирис со резултат …