Дома Фудбал Алварез веќе размислува за заминување од Атлетико

Алварез веќе размислува за заминување од Атлетико

Арсенал убедливо го совлада Атлетико Мадрид со резултат 4:0 и Хулијан Алварез овој пораз го виде како јасен знак дека со својот тим не може да се бори за трофеи.

Шпанските медиуми пишуваат за незадоволството на Алварез и истакнуваат дека Аргентинецот и самиот признал дека играл против Арсенал и порано, но никогаш не бил во толку потчинета позиција на теренот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Некои го протолкуваа тоа како пофалба за Микел Артета, некои како критика за Диего Симеоне, но сè на сè, повторно се пишува дека Алварез би можел да побара трансфер.

Не е тајна дека Жоан Лапорта го сака во Барселона, но Каталонците сигурно нема да имаат пари да го доведат.

Атлетико плати за Алварез 75.000.000 евра и лесно остварливи бонуси до 90.000.000, а Јорганџиите сега го проценуваат својот играч на повеќе од 150.000.000 евра.

Алварез повеќепати истакнал дека сака да се бори за трофеи и да биде главен играч, но Атлетико очигледно може да му понуди само ова второто.

Сè на сè, ако Атлетико не биде конкурентен во Ла Лига, не е невозможно Алварез летово да посака да си замине и да го принуди клубот на преговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона доби понуди за Тер Штеген

Неколку клубови испратиле барања до Барселона за можноста да го привлечат на позајмица гол…