Дома Фудбал Ла Лига ја одби жалбата, но Барса не се откажува

Ла Лига ја одби жалбата, но Барса не се откажува

Денес пристигна потврда – Ханси Флик доби еден меч суспензија поради црвениот картон во завршницата од натпреварот меѓу Барселона и Жирона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона веднаш по натпреварот вложи жалба, но дисциплинската комисија на Ла Лига ја одби и денес потврди дека Ханси Флик нема да биде на располагање на неговиот тим во неделното “Ел Класико”.

Каталонските извори пишуваат дека Барселона ќе се обиде да вложи уште една жалба, бидејќи во клубот и натаму веруваат дека Германецот е престрого исклучен, но малку кој верува дека Ла Лига ќе ја промени својата одлука.

Да потсетиме, по натпреварот и самиот Ханси Флик изјави дека не му е јасно зошто добил црвен картон, односно истовремено два жолти и автоматско исклучување.

Натпреварот Реал Мадрид – Барселона е на програмата во недела во 16.15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Да ли крајот на сагата за Рафаел Леао е на видик?

Многу се зборуваше за Рафаел Леао, фудбалер со неверојатен потенцијал, а многумина ќе кажа…