Дома Фудбал Милан и Интер заедно во проектот „NBA Европа“!?

Милан и Интер заедно во проектот „NBA Европа“!?

Двата фудбалски гиганта од Италија Интер и Милан сакаат заеднички да учествуваат во новиот проект NBA Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информации од Италија, двата фудбалски големи имиња, односно нивните сопственици сакаат да бидат дел од проектот „NBA Европа“ за кој сѐ погласно се зборува и кој се заканува да ја загрози Евролигата.

Парите би биле вложени во Олимпија од Милано, а на таков чекор се одлучија инвестициските фондови што ги поседуваат росо-нерите и нера азурите, „Red Bird“ и „Oaktree“, а во сето тоа би учествувал и Армани.

„Милан и Интер сакаат да соработуваат со NBA околу тимот од овој град. Одлуката ќе биде донесена во наредните два месеца, открива италијанската „La Gazzetta dello Sport“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Родри носи проблеми, талентот на Барса сака да си оди?

Родри само што не пристигна, што значи дека – некој мора да си оди. Како ПАМЕТНО да …