Дома Фудбал Неверојатен податок: Победата на Енфилд пресвртница за Јунајтед?

Неверојатен податок: Победата на Енфилд пресвртница за Јунајтед?

Големата победа против најголемиот ривал треба да биде пресвртница за Рубен Аморим и неговиот тим.

Манчестер Јунајтед минатиот викенд славеше победа против Ливерпул на Енфилд (2:1), а како што изјави по натпреварот менаџерот на Црвените ѓаволи Рубен Аморим, тоа беше „неговата најголема победа откако дојде во Англија„.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јасно е и зошто:

Пред оваа (неочекувана) победа над англискиот шампион, Манчестер Јунајтед со Рубен Аморим на клупата во претходните осум месеци забележа само шест победи во Премиер лигата!

И нешто уште неверојатно: сите тие победи беа против тимови кои таа сезона штотуку влегле во Премиер лигата или испаднале од лигата или пак победија тим, кој го заврши мечот со – играч помалку!

Дали оваа голема победа против шампионот на Англија на неговиот терен ќе биде пресвртница за Рубен Аморим и неговиот тим? Во Манчестер Јунајтед апсолутно веруваат во тоа и затоа младиот Португалец доби целосна поддршка и покрај минатата најслаба сезона на Црвените ѓаволи во историјата на Премиер лигата!

Јунајтед по победата над Ливерпул скокна на деветтото место на табелата и во следното коло го пречекува тимот на Брајтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн го продолжи договорот со важниот офанзивец!

Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 202…