Дома Фудбал Клоп за евентуално враќање во Ливерпул: Можно е

Клоп за евентуално враќање во Ливерпул: Можно е

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, првпат призна дека теоретски е можно некогаш да се врати на “Енфилд”. Германецот замина во 2024-та по девет години во кои целосно го трансформираше клубот. Неговиот наследник, Арне Слот, ја освои титулата во Премиер лигата во својата прва сезона во Ливерпул, но од почетокот на тековната сезона се соочува со доста тешкотии.

Во интервју за подкастот на Стивен Бартлет “Дневникот на еден извршен директор”, снимено пред вчерашното дерби со Манчестер Јунајтед, каде што Ливерпул забележа четврти последователен пораз во сите натпреварувања, Клоп изјави дека можно е некој ден да се врати, но тоа нема да се случи наскоро, ако воопшто се случи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


“Реков дека никогаш нема да бидам тренер на друг тим во Англија, што значи дека ако станува збор за Ливерпул, теоретски е можно. Не знам точно што би било потребно за да се случи тоа. Го сакам тоа што го работам сега. Не ми недостига тренерската работа. Не ми недостига да стојам на дожд два и пол часа, да одам на прес-конференции трипати и да имам по 12 интервјуа неделно. На кого би му недостигало тоа? Не и на мене. Не ми недостига соблекувалната. Не сакам да умрам во неа, затоа што е убаво. Не, таму мириса.

Јас сум на 58 години, така што можам да ја донесам одлуката и по неколку години. Благодарам Богу, не морам денес да донесам одлука дека никогаш повеќе нема да бидам тренер. Не е потребно. Можам само да видам што ќе ми донесе иднината. Сега сум дел од проект кој навистина го сакам. Ми се допаѓа тоа што го правам сега. Мислам дека можам да го правам навистина добро”, сподели Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скапото засилување го напушта Реал Мадрид

Откако не заигра ниту против Хетафе синоќа во победата на Реал Мадрид на “Алфонсо Пе…