Дома Фудбал Oфицијално: Грем Потер стана селектор!

Oфицијално: Грем Потер стана селектор!

Во текот на изминатите неколку дена оваа вест беше тема на разговор, а сега е официјално потврдена. Грем Потер ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Шведска.

Ерата на Јонe Дал Томасон траеше мошне кратко. Како прв странски тренер на репрезентацијата, неговиот престој на клупата на Трите круни заврши по нешто повеќе од една година. Шведскиот фудбалски сојуз реши повторно да ги испроба своите можности со странски селектор.

    Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


    Нема тајна дека данецот го чинеле селекторското место двата порази во квалификациите од репрезентацијата на ФС Косово, што практично ги затвори вратите за директно учество на Светското првенство. Иако првите две места во групата (второто води во бараж) сега се исклучиво теоретска можност, Шведска сè уште има шанса да се квалификува за Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

    Благодарение на успешниот настап во Лигата на нации, Шведска си обезбеди учество во бараж натпреварите, кои ќе се одржат во март следната година. Тоа е последната можност за скандинавската селекција да го обезбеди учеството на светската сцена, и затоа Потер доби мандат само до крајот на март.

    Во текот на својата тренерска кариера, Потер ги водел тимовите на Лидс Карнеги, Свонси, Брајтон, Челси и Вест Хем, а работел и во Шведска како тренер на Естерсунд од 2011 до 2018 година.

    Коментари
    Прочитајте поврзани статии
    Load More In Фудбал

    Проверете

    Де Лаурентис со револуционерна идеја: Фудбалерите над 23 години да не играат за националните тимови

    Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис повторно повика на револуционерни промени во …