Дома Фудбал Легендарниот фудбалер заврши во болница, скрши три ребра за време на дерби (Видео)

Легендарниот фудбалер заврши во болница, скрши три ребра за време на дерби (Видео)

Поранешниот уругвајски фудбалер и легенда на репрезентацијата, Диего Форлан, доживеа сериозна повреда за време на натпреварот во рамките на Универзитетската спортска лига на Уругвај, каде настапува за клубот Олд Бојс во категоријата ветерани постари од 40 години.

Како што пренесуваат локалните медиуми, Форлан скршил три ребра, а покрај тоа му е дијагностициран и лесен пнеумоторакс. Во моментов се наоѓа во болница, каде ќе остане до вторник, 21 октомври.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Повредата се случила за време на локалното дерби против екипата Олд Кристијанс, што тимот на Форлан го доби со резултат 4:1. Форлан игра за Олд Бојс од 2022 година, кога по професионалното пензионирање се врати на рекреативниот фудбал.

Форлан официјално ја заврши професионалната кариера во 2019 година, а за време на истата носеше дресови на гиганти како што се Индепендиенте, Виљареал, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед и Пенарол, а посебно се памети по изданието на Светското првенство 2010 година во Јужна Африка, каде беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп за евентуално враќање во Ливерпул: Можно е

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, првпат призна дека теоретски е можно некогаш…