Дома Моторспорт Ферстапен „намириса“ нова титула во Формула 1

Ферстапен „намириса“ нова титула во Формула 1

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, изјави вчера дека имал одличен тркачки викенд во Остин, како и дека сега постојат можности да освои петта последователна титула во шампионатот на Формула 1.

„Ова е неверојатен викенд за нас. Знаев дека трката нема да биде едноставна. Мислам дека, ако ја погледнете целата трка, темпото меѓу мене и Ландо (Норис) беше многу слично. Мислам дека направивме разлика на првите гуми (средно тврди). Успеав да создадам мала предност и тоа го задржавме до крајот“, рече Ферстапен, пренесе Би-Би-Си.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Холандскиот возач на патеката во Остин оствари 68. победа во кариерата, воедно петта во сезоната, со што го намали заостанувањето зад водечкиот тандем на Мекларен.

Оскар Пјастри (трката во Остин ја заврши на петтото место) во генералниот пласман води со 346 поени, второпласираниот Норис заостанува 14 поени, додека Ферстапен е трет со 306 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Новата љубов на Мик Шумахер: Фаталната Босанка стана минато, сега е забележан со убава Португалка

Мик Шумахер е виден во јавноста со новата девојка, а неговата поранешна веќе започнала нов…