Дома Останати Тенис Синер доби рекет од чисто злато – откриена е неговата вредност (Видео)

Синер доби рекет од чисто злато – откриена е неговата вредност (Видео)

Јаник Синер доминантно ја одбрани титулата на турнирот „Шест кралеви“ со победа во финалето во Ријад против Карлос Алкараз.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Дури и полесно отколку што се очекуваше, во два сета со 6:2, 6:4, Италијанецот сосема заслужено го зема вредниот трофеј.

Стануваше збор за рекет излеан од чисто злато, кој му го доделија организаторите и главните финансиери на овој луксузен турнир.

Сметајќи дека е цел од злато, вредноста на овој пехар е проценета на 250,000 долари, објави “Марка”.

Имајќи предвид дека сите учесници добија по 1.500.000 долари, во споредба со тоа цената на трофејот не изгледа многу, но сепак е еден од највредните, ако не и највредниот што Синер го има во својата колекција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лина Ѓорческа ќе се бори за место на Ролан Гарос!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го потврди учеството на вториот гренслем т…