Дома Фудбал Хаос во Шпанија: Флик ќе добие суспензија од осум меча поради овој потег!? (Видео)

Хаос во Шпанија: Флик ќе добие суспензија од осум меча поради овој потег!? (Видео)

Барселона вчера извојува доста тешка победа против Жирона со 2:1 со гол во последните минути, но Каталонците се сега загрижени бидејќи се шпекулира дека Ханси Флик може да биде жестоко казнет поради случувањата во финишот на натпреварот.

Каталонците се изненадувачки тесно изборија за победа против Жирона во натпреварот од деветтото коло на Ла Лига, а херој беше Роналд Араухо кој постигна гол во 93-та минута за 2:1.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, главната тема на шпанската јавност по натпреварот е Ханси Флик кој беше исклучен неколку минути пред голот на Араухо, а потоа имаше интересна гестикулација кога неговиот тим постигна гол за победа.

Флик доби втор жолт, односно црвен картон поради негодување што главниот судија Хесус Гил Манзано го продолжи натпреварот за четири минути и веруваше, исто како и навивачите на Барселона, дека продолжувањето требаше да биде подолго.

Манзано го испрати Флик на трибините, а камерата ја снимаше реакцијата на тренерот на Барселона на победничкиот гол, која е моментално главна тема на јавноста во Шпанија.

Поради црвениот картон, јасно е дека Флик нема да биде на клупата на Барселона во Мадрид за дуелот против Реал, но Каталонците се плашат дека суспензијата може да биде жестока токму поради начинот на кој го прослави голот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Флик би можел да добие суспензија од четири до осум натпревари, што би било навистина жесток удар за Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само еден фудбалер на Барселона не го славеше победничкиот гол на Араухо, еве и зошто (Видео)

Барселона го совлада тимот на Жирона со 2:1 благодарение на голот во 93-та минута, но цело…