
Се сеќавате ли на Џанлука Фработа? Навивачите на Јувентус сигурно – станува збор за ветувачки лев бек кој дебитираше пред неколку години, најпрвин под раководство на Маурицио Сари, а потоа кај Андреа Пирло. Но тоа сега изгледа како некое друго време, пишува италијанскиот Goal.
Фработа повеќе не игра за Јувентус, неговата кариера сега е поврзана со италијанската Втора лига. Некое време тој веќе игра таму. Моментално е дел од составот на Чезена, а во минатото има настапувано и за Фрозиноне, Бари и Косенца, додека сезоната 2024/2025 ја помина во англискиот Чемпионшип, каде што беше дел од Вест Бромвич Албион.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во интервјуто за Кориера дела Сера, 26-годишниот Фработа зборува за некогашната слава и моменталниот живот каде што мора да се потруди за повторно да се искачи на врвот. Длабоко во себе, сè уште го носи духот на Јувентус.
“Имам два спомени кои посебно ги паметам. Првиот е ѕидот во Виново каде што се закачени дресовите на сите играчи од младинските категории кои направиле скок до првиот тим. На крајот има огромно огледало и јасна порака: Следен што ќе дебитира, може да бидеш ти.’
А второто? Моментот пред да излезам на теренот за натпреварот со Милан. Бев во ходникот, тензиијата беше голема. Пријде еден соиграч и ми рече: ‘Џанлу, смири се, силен си. Денес ќе одиграш одличен меч, ќе ги уништиш.’ Тоа беше Дибала. Ми пренесе неверојатна енергија.”
“Кристијано Роналдо? Тој беше секојдневен пример. Навистина се сеќавам на еден негов гест. За време на тактички тренинг, Сари му објаснуваше кои движења да ги направи при изведување на слободни удари. Роналдо беше малку незадоволен. Беше поинаков, не му беа потребни инструкции, често знаеше каде ќе заврши топката. За да му објасни на тренерот, откорна еден дел трева и почна да ја џвака и мириса.. ‘Сакам да го осетам теренот, знам каде ќе оди топката.”