Дома Фудбал Скандал во Ла Лига: Фудбалерите штрајкуваа, камерата ги игнорираше!

Скандал во Ла Лига: Фудбалерите штрајкуваа, камерата ги игнорираше!

Синоќа беше одигран првиот натпревар од деветтото коло на Примера, каде што Реал Овиедо беше поразен на свој терен од Еспањол со резултат 2:0. Головите на Кике Гарсија и Переа Миља во последната третина од натпреварот го искачија клубот од Барселона меѓу првите пет на табелата, додека домаќините останаа на 18-та позиција…

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фудбалерите решија да изразат протест поради тоа што натпреварот од 17-то коло меѓу Виљареал и Барселона ќе се игра во Мајами наместо во Шпанија, нешто што е вистински невообичаено. Маркетингот и парите, сепак, одземаат од светоста на домаќинството, што ги вознемири играчите…

Особено интересен е фактот што режијата на преносот го игнорираше протестот и наместо да ги следи настаните на теренот, во првите дваесетина секунди беа прикажани снимки надвор од стадионот!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поштар во Англија заврши во затвор – вршел нелегални преноси од Премиер лигата!

Поштар од Пемброкшир е осуден на три години затвор затоа што снабдувал скоро 2000 клиенти …