Дома Фудбал Несакан ефект на ФИФА и врз Милан – Пулишиќ и Рабио се вратија повредени

Несакан ефект на ФИФА и врз Милан – Пулишиќ и Рабио се вратија повредени

Фудбалскиот клуб Милан официјално соопшти дека поради повреда нема да може да смета на американскиот крилен напаѓач Кристијан Пулишиќ во наредните десет дена.

“Магнетната резонанца покажа дека Пулишиќ претрпел полесна повреда на десниот бицепс феморис. Ќе му бидат направени дополнителни прегледи во рок од десет дена”, стои во соопштението на Милан.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Американскиот репрезентативец сигурно ќе ги пропушти следните два натпревара на неговиот клуб, против Фиорентина во недела и против Пиза следниот викенд.

Пулишиќ се повреди за време на репрезентативниот период, додека беше со репрезентацијата на Соединетите Држави.

Повреден во Милан се врати и францускиот репрезентативец Адријан Рабио.

Пулишиќ оваа сезона постигна четири гола и забележа две асистенции во шест натпревари во Серија А.

Рабио, кој има повреда на листот, официјално е надвор од терените најмалку “десет дена”, но италијанските медиуми му предвидуваат месец дена пауза.

Милан по шест одиграни кола во италијанскиот шампионат е на трето место на табелата со 13 бода, што е два помалку од Наполи и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поради Шкендија, Вардар и Работнички нема да играат на Националната арена

Овој викенд нема да има фудбалски возбудувања на македонските терени, бидејќи натпреварите…