Дома Фудбал Спортскиот директор на Барса преговара со ѕвездата на Серија А!

Спортскиот директор на Барса преговара со ѕвездата на Серија А!

Како што пренесува шпанскиот “AS,” спортскиот директор на Барселона, Деко, веќе има одржано првични разговори со наследникот на Роберт Левандовски во нападот на Барселона.

Португалецот се одлучил за српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ од редовите на Јувентус.

Да потсетиме, за ова веќе зборуваше неговиот агент Дарко Ристиќ, така што изгледа дека Влаховиќ навистина ќе стане новата деветка на славниот каталонски клуб и ќе го предводи нападот на Барса долг период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвешка го урна Велс: Халанд стави точка, Белами остана на дното

Норвешка славеше со 3-1 во Осло, а Велс веќе не може да избега од последното место во груп…