
Италијанскиот фудбалски новинар Паоло Барџиџа, гостувајќи во еден подкаст, изрече невкусна изјава во која ги спомена Един Џеко, Лука Модриќ и Џејми Варди.
Овие тројца познати фудбалски асови летово пристигнаа во италијанската Серија А. Иако се во малку позрели години, Модриќ, Џеко и Варди и понатаму лесно наоѓаат нови клубови и играат значајни улоги во нив.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Но, не сите се согласија со овие трансфери. Познатиот италијански новинар Паоло Барџиџа, појавувајќи се во фудбалската емисија Centrocampo, изрази незадоволство.
Барџиџа посочи дека нема смисла да се носат постари играчи, бидејќи никој “не сака да плати за да ги гледа”.
“Од Модриќ до Џеко, Варди и Имобиле… Играчите се на крајот од кариераата. Ги доведуват,а потоа ни кажуваат дека луѓето плаќаат пет пати повеќе за да ја гледаат англиската Премиер лига. Кој ќе плати за да гледа гробница на слонови што сте ги создале? Милан потпиша со Риќи за 25 милиони евра, а играат 40-годишни играчи. За жал, денес интервјуа даваат луѓе кои се контролирани со далечинско управување и слушалки, а не знаат ништо”, изрази огорчениот Барџиџа.