Дома Фудбал Ливерпул го најде наследникот на Ван Дајк и ќе тргне по него веќе во јануари

Ливерпул го најде наследникот на Ван Дајк и ќе тргне по него веќе во јануари

Според информациите што ги пренесува германскиот Билд, Ливерпул го идентификувал долгорочен наследник на Вирџил ван Дајк, а станува збор за репрезентативецот на Германија и стоперот на Борусија Дортмунд – Нико Шлотербек.

Шлотербек веќе некое време е на радарот на извидниците на Ливерпул, а неговите настапи во Бундеслигата и за германската репрезентација оставиле силен впечаток на челниците на клубот од Енфилд.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Неговата способност за читање на играта, играта во двобој, како и смиреноста при изнесувањето на топката, го прават идеален профил за Премиер лигата.

Вирџил ван Дајк, иако и понатаму е клучна фигура во задната линија на Ливерпул, влегува во подоцнежните години на кариерата и клубот сака да има подготвена замена која со време ќе ја преземе неговата улога на лидер.

Шлотербек се гледа токму како таков профил на играч – млад, но веќе искусен, со карактеристики кои можат понатаму да се развиваат под водството на Слот.

Билд пишува дека Ливерпул е подготвен да започне преговори веќе во ноември, за да избегне зимската гужва на пазарот и можната конкуренција. Имајќи предвид дека Шлотербек има важечки договор со Борусија Дортмунд до летото 2027 година, се очекува дека отштетата нема да биде мала – се шпекулира за сума од 50 до 60 милиони евра.

Од друга страна, Борусија сè уште нема официјално коментирано за интересот од Англија, но внатре во клубот наводно веќе се разгледуваат потенцијални опции за случај на заминување на Шлотербек. Неговата позиција во тимот не е спорна, но висока понуда од Премиер лигата може да биде пресудна.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаскојн за алкохолизмот: Никогаш нема да престанам да пијам

Пол Гаскојн, англиска фудбалска легенда, отворено призна дека цел живот се бори со зависно…