Дома Фудбал Тренирал со Роналдо и Пјаниќ, денес на 26 години работи на градежништво: „Не се срамам“

Тренирал со Роналдо и Пјаниќ, денес на 26 години работи на градежништво: „Не се срамам“

Ќендрим Камерај е роден во Луцерн (Швајцарија), но потекнува од Косово. Играл за сите младински селекции на швајцарската репрезентација, во 2019 година одиграл еден натпревар за У21 селекцијата на Косово, а во 2024 година ја завршил својата играчка кариера на 25 години.

Камерај се сметал за многу талентиран еден период. Бил толку ценет што бил дел од славниот италијански клуб, Јувентус. Тренирал и со суперѕвезди како Кристијано Роналдо, и се направила фотографија, кога со славниот Португалец позирал на тренингот на Старата дама.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Но, силните повреди значително ја отежнале кариерата на Камерај, 26-годишниот кој морал да се откаже од фудбалот. По многу тежок период, тој во швајцарскиот нисколигаш Цуг 94 минатото лето ги одиграл последните натпревари. Играл уште за Криенс и Лугано, а во младинците на Јувентус дошол како талентиран тинејџер уште во 2017 година.

За Јувентус У19 одиграл 18 натпревари и постигнал два гола. За Јувентус У23 одиграл еден натпревар. Искусството во Јувентус секако останува посебно за косовскиот фудбалер.

„Одлично се поминав во Јувентус. Знаев дека е многу тешко да пробијам во првиот тим, бидејќи Јуве купува играчи од целиот свет. Конкуренцијата во тимот е многу голема. Многу сум среќен што можев да играм во Јувентус и да тренирам со играчи како Роналдо, Пјаниќ, Дибала. Многу научив од нив“, вели Камерај.

Денес на 26 години работи на градежништво, чесно заработувајќи ги своите пари, иако е свесен дека сè можеше да биде поинаку…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен натпревар во Мадрид: Реал доби два црвени картони, Селта победи за првпат од 2014 година (Видео)

Селта вечерва по повеќе од 10 години дојде до победа во Мадрид на стадионот Сантјаго Берна…