Дома Останати Тенис Овие зборови на Ѓоковиќ најверојатно Синер никогаш нема да ги заборави

Овие зборови на Ѓоковиќ најверојатно Синер никогаш нема да ги заборави

Повеќе од полуфинале – предизвик во огледало. Така Новак Ѓоковиќ го доживува следниот меч на егзибицискиот турнир „Six Kings Slam“ во Саудиска Арабија, каде што е во прашање место во финалето и значајна парична награда.

На прашањето кој тенисер најмногу го потсетува на него самиот, српскиот ас немаше дилеми: – Синер, секако.

Токму оној што ќе му стои вечерва од другата страна на мрежата. Ѓоковиќ објасни и на што ја темели таа сличност:

– Слаб е како јас, удира силно, тактички е извонредно подготвен и успева да го покрие теренот како малку кој. Ме потсетува на мене во најдобрите денови.

Оваа изјава е само продолжение на низа комплименти кои Ноле во последно време ги упатува на Јаник Синер, Италијанецот кој во изминатите две години му стана сериозен предизвикувач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Медведев го помина првото коло во Пекинг

Данил Медведев го победи Пабло Карењо-Буста и се пласираше во второто коло на АТП турнирот…