Дома Останати Кошарка Шок од НБА: Еден од најдобрите бекови се пензионира на 32 години!

Шок од НБА: Еден од најдобрите бекови се пензионира на 32 години!

Познатиот американски кошаркар, Мелколм Бродон, неочекувано објави дека ја завршува својата кариера на 32 години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бродон оваа одлука ја соопшти само седум дена пред почетокот на новата НБА сезона, и покрај тоа што во септември потпиша договор со Њујорк Никси и учествуваше во подготвителните натпревари.

Изгледаше сосема извесно дека Никс ќе го имаат Бродон до крајот на сезоната, но тој избра да замине во пензија.

Бродон дојде во НБА лигата на 24 години како 36-ти пик на драфтот во 2016 година.

Во текот на девет сезони во најконкурентната лига на светот, играше за Милвоки Бакс, Индијана Пејсерс, Бостон Селтикс, Портланд Трејл Блејзерс и Вашингтон Визардс.

Во 2017 година беше награден со титулата Руки на годината, а во 2023 година доби признание за најдобар шести играч.

Во периодот од 2019 до 2023 година се сметаше за еден од најдобрите бекови, а најдобрата сезона ја имаше во 2020/2021, кога играше за Индијана со просеци од 21,2 поени, 5,3 скока и 5,9 асистенции.

Кариерата ја заврши со просечна статистика од 15,3 поени, 4,1 скока и 4,7 асистенции по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ќе потроши еден куп пари за транспорт – ќе лета со хеликоптер до новиот тим!?

Една од најинтересните теми по преминот на Леброн Џејмс во Филаделфија не е врзана за тере…