Дома Фудбал Бомбастична вест од Италија: Коларов нов тренер на Црвена Звезда?!

Бомбастична вест од Италија: Коларов нов тренер на Црвена Звезда?!

Александар Коларов (39) би можел наскоро да го напушти Интер и да се врати во Србија, со тоа што ќе ја преземе клупата на Црвена Звезда.

Според информациите од порталот Calciomercato, Црвена Звезда сериозно е заинтересирана за поранешниот репрезентативец на Србија, кој во моментов ја има улогата на помошник на Кристиан Киву во Интер, како потенцијален наследник на Владен Милојевиќ.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Милојевиќ, според италијанските медиуми, е еден од главните кандидати за селектор на репрезентацијата на Србија, откако Фудбалската федерација го отпушти Драган Стојковиќ по поразот од Албанија во Белград – пораз што речиси сигурно го отстрани националниот тим од плејофот за Светското првенство 2026 година.

Доколку Милојевиќ ја преземе репрезентацијата веќе во јануари, Коларов би можел да го наследи неговото место на клупата на Црвена Звезда и да ја започне својата прва самостојна тренерска кариера – и тоа во најтрофејниот клуб на Србија.

Црвена Звезда во моментов го држи првото место на табелата на Суперлигата со два бода предност пред Партизан и со еден натпревар помалку.

Да потсетиме, Коларов минатото лето го напушти младиот состав на Србија за да се врати во Интер и да ја преземе улогата на асистент на Киву.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова се најплатените фудбалери, Роналдо далеку на врвот

Кристијано Роналдо останува најплатениот фудбалер во светот за 2025 година, пренесува авто…