Дома Фудбал Младите ѕвезди на ПСЖ, Реал, Барселона, Јувентус, Интер и англиските великани ќе се борат за Golden Boy 2025, но не и Јамал

Младите ѕвезди на ПСЖ, Реал, Барселона, Јувентус, Интер и англиските великани ќе се борат за Golden Boy 2025, но не и Јамал

Од “Тутоспорт” официјално беше објавен конечниот список од 25-те кандидати за годинашното издание на престижната награда Golden Boy, која торинското издание ја доделува на најдобриот фудбалер во Европа до 21 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во конечната селекција беа вклучени 20-те најдобри млади играчи за оваа година според специјалниот алгоритам на “Тутоспорт” и Football Benchmark, како и петмина фудбалери што ја искористија можноста за “уајлд карта”, а токму Франческо Пио Еспозито (Интер), Џовани Леони (Ливерпул), Џоуб Белингам (Борусија Дортмунд), Родриго Мора (Порто) и Александар Станковиќ (Бриж).

Според статистичките податоци пак, во списокот влегуваат таленти како Дезире Дуе, Уарен Заир-Емери и Сени Мајулу (Пари Сен Жермен), Арда Гулер, Дин Хаусен и Франко Мастантуоно (Реал Мадрид), Пау Кубарси (Барселона), Кенан Јилдиз (Јувентус), Итан Нуанери и Мајлс Луис-Скели (Арсенал), Лени Јоро (Манчестер Јунајтед), Јорел Хато и Естевао (Челси). Така, со најмногу претставници, по тројца, се ПСЖ и Реал, додека Арсенал, Челси, Тотенхем и Порто се со по двајца номинирани.

За Golden Boy 2025, сепак, нема да се бори минатогодишниот добитник на наградата Ламин Јамал. Иако суперталентот на Барселона има само 18 години и заврши втор во класификацијата на “Златна Топка”, според правилата на анкетата на италијанскиот весник, еден фудбалер не може да ја добие наградата повеќе од еднаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италијански петтолигаш добива неверојатен стадион од 62 милиони евра? (Видео)

Италијанскиот петолигаш Таранто доби нов стадион со 20 илјади седишта откако неговиот стар…