Дома Фудбал Ливерпул се подготвува за рекорден договор

Ливерпул се подготвува за рекорден договор

Постојат сите предуслови Ливерпул да потпише нов спонзорски договор, со кој ќе постави рекорд во Премиер лигата.

Договорот со сегашниот спонзор на дресовите на тимот – Standard Chartered, истекува пред летото на 2027 година, но банката има предност да го продолжи договорот, доколку понуди иста сума што ја нуди друг кандидат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според „Сан“ многу скоро двете страни може да се договорат за нов договор, но тоа не значи дека од „Енфилд“ не истражуваат и други можности, вклучувајќи и конкурентни банки.

Името на Standard Chartered стои на предната страна на дресовите на Ливерпул од 2010 година. Според моменталниот договор, Мерсисајдците добиваат од банката по 50 милиони фунти годишно.

На „Енфилд“ сепак ќе инсистираат на 70 милиони фунти годишно и „Сан“ тврди дека тоа е остварлива цел. Доколку потпише под такви услови, Ливерпул ќе го скрши рекордот на Премиер лигата во оваа област. Во моментов Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити добиваат по 60 милиони фунти годишно соодветно од Snapdragon и Etihad Airways.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона активира трансфер кој се чека со години!?

Бернардо Силва и Барселона? Изгледа дека Португалецот конечно ја дочека својата шанса да г…