Дома Фудбал Лапорта ги израдува навивачите, ставен е потписот на еден од најважните договори во Барса – клаузулата е пола милијарда евра!

Лапорта ги израдува навивачите, ставен е потписот на еден од најважните договори во Барса – клаузулата е пола милијарда евра!

Актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Барселона, денеска официјално објави дека го продолжил договорот со одличниот холандски играч за врска, Френки Де Јонг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 28-годишен фудбалер минатата сезона беше еден од најважните играчи на Барса во освојувањето на двојната круна, а новиот договор е награда за неговите заслуги.

Според шпанските медиуми, Де Јонг ќе остане во Каталонија до 2029 година.

Откупната клаузула е проценета на неверојатни пола милијарда евра.

Да потсетиме, Де Јонг пристигна во Барселона во 2019 година од Ајакс за 75 милиони евра. Досега одигра 183 натпревари и постигна 14 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси изговори неколку тешки зборови во својата кариера и целиот свет занеме!

Лионел Меси во недела повторно ќе излезе на теренот на стадионот „МетЛајф“ во Ист Ратерфор…