Дома Фудбал Неверојатна сцена: Поранешниот тренер на Реал Мадрид беше нокаутиран од својот фудбалер

Неверојатна сцена: Поранешниот тренер на Реал Мадрид беше нокаутиран од својот фудбалер

Во вчерашниот квалификациски натпревар за Светско првенство меѓу Катар и ОАЕ, се случи необичен момент. Додека борбата се одвиваше на теренот, катарскиот селектор Јулен Лопетеги неочекувано заврши на земја. Поранешниот тренер на Севилја и Реал Мадрид, како и екс-селекторот на Шпанија беше погоден во лице со топка, известува Дејли Мејл.

Инцидентот настана додека 58-годишниот Лопетеги стоеше во својот технички простор. По еден обид до аут линијата, неговиот играч, Ассим Мадибо, ненамерно ја удри топката директно во лицето на својот тренер. Ударот очигледно беше силен, бидејќи искусниот Шпанец падна на земја и остана лежи лице в земја. Моментот може да се види ТУКА.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Мина некое време додека дојде при себеси, а изгледаше изненадено додека му помагаа да стане. Мадибо веднаш му пристапи за да провери дали е во ред и да се извини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се подготвува „војна“ помеѓу двата клуба од Манчестер за талент вреден 100 милиони фунти

Нотингем Форест се подготвува значително да ја зголеми цената за својот млад играч за врск…