Дома Останати Кошарка Oва е забивањето на Јокиќ што ги воодушеви сите (Видео)

Oва е забивањето на Јокиќ што ги воодушеви сите (Видео)

Никола Јокиќ одигра одличен натпревар против Чикаго, во предсезонската победа на Денвер со резултат од 124:117, и беше на чекор од трипл-дабл учинок!

Србинот го заврши натпреварот со 18 поени, осум скока и осум асистенции, а посебно ја воодушеви кошаркарската јавност со еден потег во завршницата на третата четвртина.

Во ситуација кога Денвер водеше со 22 разлики, Јокиќ изведе контранапад преку целиот терен и закука со една рака. Тоа беше доволно да предизвика реакции во САД.

– Погледнете го Никола Јокиќ како трча по проклетиот паркет за да се извлече и лесно закука три минути пред крајот. Да, овој тип не се грижи за кошарка – напиша новинарот Џоел Раш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…