Дома Моторспорт Доаѓа човек кој ќе го препороди гигантот на Формула 1: Навивачите на Ферари чекаат на ова речиси 20 години

Доаѓа човек кој ќе го препороди гигантот на Формула 1: Навивачите на Ферари чекаат на ова речиси 20 години

Сезонава за Ферари е уште едно разочарување, а изгледа дека на претседателот му „пукна филмот“ и е подготвен да го оствари сонот на многубројните Тифози.

Според пишувањето на Daily Mail, популарниот претседател на Скудеријата, Џон Елкан, наводно ја изгубил довербата во актуелниот шеф на тимот, Фред Васер, и веќе тргнал во потрага по нов шеф.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Кон крајот на јули, Васер ја продолжи соработката со Ферари, но притисокот врз него не попушта.

Италијанскиот тим ја поминува разочарувачката сезона без ниту една победа во првите 18 трки, а единствениот излез од ова го гледаат преку доаѓањето на Кристијан Хорнер на чело на тимот.

Од друга страна, Хорнер по две декади го напушти Ред Бул, со кој освои дури 14 светски титули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Нов фаворит се искачина врвот на почетокот на Ф1 сезоната

Новата сезона на Формула 1 наскоро започнува, а веќе се знае кој е според обложувањата гла…