Дома Моторспорт Криза во Ферари: Хамилтон не e задоволен, бара промени

Криза во Ферари: Хамилтон не e задоволен, бара промени

ЛУИС ХАМИЛТОН се соочува со многу тежок период оваа своја прва година во Ферари. Седумкратниот светски првак не успева да се прилагоди на болидот SF-25, а ниту самиот болид од Маранело не е доволно конкурентен за борба на врвот. Ситуацијата е толку лоша што Британецот во 18 возени трки не освои ниту едно место на подиумот, со што стана вториот најлош дебитант во историјата на овој легендарен италијански тим, пишува Mundo Deportivo.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Односот меѓу возачот и тимот далеку е од идеален каков што се чинеше на почетокот од сезоната, а тензиите стануваат се поочигледни. Според италијанскиот медиум Corriere della Sera, Хамилтон испратил нов извештај во Маранело на кој бара промени.

Незадоволство од процедурите и стратегијата

Како што наведува италијанскиот весник, седумкратниот светски првак не е задоволен од начинот на кој функционира комуникацијата меѓу фабриката во Маранело и тимот на тркачките патеки. Накратко, Хамилтон бара промени во интерните процедури на Ферари.

Дополнително, се истакнува дека Хамилтон очекувал поголемо влијание во донесувањето на одлуките од пит-ѕидот за планирање на тркачките стратегии. Во објаснувањето на проблемите се наведува дека Луис морал да се справува со внатрешната политика на Ферари и дека се соочил со низа занемарени барања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Tрагедија во Брно: Загинаа двајца мотоциклисти

Светот на мотоциклизмот е завиен во тага по новата трагедија. За време на натпреварувањето…