Дома Фудбал Болница во Барселона две недели пред „Ел класико“

Болница во Барселона две недели пред „Ел класико“

Напаѓачот Феран Торес е уште еден во низата фудбалери кои поради нелагодност го напуштија кампот на репрезентацијата на Шпанија.

По Дани Олмо, денес беше потврдено дека и Феран Торес се враќа во Барселона каде ќе се опоравува од полесна повреда. Повредата не е сериозна, но не е познато дали Ханси Флик ќе ризикува со него во саботниот дерби со Жирона, пред “Ел класико”.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Надвор од игра се Рафиња, Фермин Лопез, Дани Олмо, Ламин Јамал, додека на подолготрајни повреди се Пабло Гави и Марк Андре Тер-Штеген, така што Ханси Флик е соочен со нови проблеми.

Оно што е сигурно, Олмо нема да биде подготвен за “Ел класико”, ќе се врати на почетокот од ноември, додека се очекува дека до гостувањето во Мадрид ќе се опорават Јамал, Рафиња и Фермин Лопез, како и Феран Торес.

Барса ја пречекува Жирона во сабота во 16:15 часот, во истиот термин гостува и Реал на 26 октомври, а помеѓу тоа ја пречекува Олимпијакос, на 21 октомври од 18:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вујовиќ со порака до Србите: Игрете во Лесковац бидејќи на друго место не смеете ни да се појавите

Фудбалската репрезентација на Србија изгуби минатата сабота од Албанија во Лесковац со 0:1…