Дома Фудбал Магваер подготвен да одбие импресивна понуда од Саудиска Арабија за да остане во Јунајтед

Магваер подготвен да одбие импресивна понуда од Саудиска Арабија за да остане во Јунајтед

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Магваер, е подготвен да одбие грандиозна понуда од 500 илјади фунти неделно од тимови од Саудиска Арабија, доколку добие понуда за нов договор од страна на “црвените ѓаволи”, јавуваат англиските медиуми.

Сегашниот договор на одбранителот истекува на крајот на сезоната, а сериозен интерес за неговите услуги имаат од Ал-Наср, каде што би можел повторно да игра со Кристиано Роналдо, како и од Ал-Етифак.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Магваер, кој во март ќе наполни 33 години, е искушен од идејата за таква профитабилна опција, но истовремено е категоричен дека таква понуда нема да се разгледува доколку од “Олд Трафорд” посакаат да го задржат и по летото.

Шефовите на Манчестер Јунајтед сè уште го разгледуваат својот пристап во ситуацијата, но понуда за нов договор за одбранителот стои на дневен ред и се разгледува сериозно, а разговори меѓу двете страни веројатно ќе се одржат во следните недели. Менаџерот на “црвените ѓаволи”, Рубен Аморим, исто така е поддржувач на идејата играчот да остане во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Килијан Мбапе откри кој отсекогаш бил неговиот идол

Во интервју за шпанската телевизија Movistar, Мбапе зборуваше со голема почит за Кристијан…