
Страхиња Јокиќ, брат на најдобриот кошаркар на планетата Никола Јокиќ, е осуден на 12 месеци условна казна поради физички напад на еден навивач за време на натпревар од плеј-офот на НБА лигата 2024 година, пренесува “TMZ Sports”.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пресудата беше донесена во петок пред судот во Денвер, откако Страхиња ја призна вината за влегување на терен и нарушување на јавниот ред и мир, соопшти обвинителството.
Шокантниот инцидент се случи на 22 април 2024 година за време на натпреварот од НБА плеј-офот помеѓу Денвер и Лејкерс. Камерите го забележаа како Страхиња по последниот сигнал на сирената удира право во лицето на еден навивач, Николас Мајер. Мајер од ударот доби гребнатини и модринки на лицето, како и девијација на носот и потрес на мозокот.
Браќата на Никола Јокиќ стануваат проблем:
— Rippe🎯 (@MichaelRippe) April 23, 2024
Се појави видео на кое се гледа како Страхиња Јокиќ (постариот брат на Никола) удира навивач во текот на синоќешниот #Nuggets плеј-оф натпревар.
#NBA истражува. Очекувам Страхиња да биде забранет за плеј-офот.pic.twitter.com/PyEVRF7TOF