Дома Фудбал Неверојатен гол на Мбапе. Погледнете што направи.

Неверојатен гол на Мбапе. Погледнете што направи.

ФРАНЦУСКИОТ тим продолжува со серијата успешни натпревари на патот кон следното Светско првенство, предводен од својот шампион Килијан Мбапе, кој блескаше повторно во синоќешниот дуел. Мбапе постигна гол на десетти последователен меч за клубот и репрезентацијата, што му беше 53-ти во 93 настапи за националниот состав. Во победата над Азербејџан вчера, тој запиша и асистенција, што му беше 39-та во дресот на францускиот тим.

Мбапе ја покажа својата извонредна форма во втората минута од судиското продолжение на првиот дел од натпреварот, кога минувајќи неколку противнички играчи, ја смести топката во долниот лев агол од голот. Ова му беше 17-ти гол за сезоната, а успеал да постигне погодок во 12 од 13 натпревари во кои учествувал оваа сезона. Во 69-та минута му асистираше на Адриен Рабио за зголемување на предноста на 2:0.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во 83-та минута поради повреда мораше да го напушти теренот, а на негово место влезе Флориан Товен. Тоа беше негов прв натпревар за Франција од 2019 година. Само минута по влегувањето, постигна гол за конечни 3:0. Погледнете ги сите голови ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудо: Остров од 150.000 жители чекор кон плсман на Светското првенство.!

Курасао, мало островче кое се наоѓа во јужниот дел на Карипското море, блиску до брегот на…