Дома Фудбал Сари го поддржа Рабио во врска со натпреварот на Милан во Австралија

Сари го поддржа Рабио во врска со натпреварот на Милан во Австралија

Тренерот на Лацио Маурицио Сари ја поддржа искажаната позиција на Адриен Рабио во врска со планираниот натпревар помеѓу Милан и Комо во Австралија, при што го критикуваше Луиџи Де Сиерво за неговиот одговор.

Играчот на “росонерите” преселувањето на натпреварот на друг континент го смета за лудост, а извршниот директор на Серија “А” му возврати дека не треба да има барања со оглед на високата плата што ја добива.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Мислам дека Рабио е во право. Парите не можат да го оправдаат сè. Исто така сметам дека доби лош одговор. Нема потреба да се споменува финансискиот аспект. Уште повеќе, Рабио би можел да возврати дека ако тој не се бори на теренот секои три дена, претседателот на Серија А исто така не би добивал пари, бидејќи не би имало лига. Освен тоа, Рабио е фантастична личност“, коментира Сари за клубската телевизија на Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хенес без влакно на јазикот: “Ако Исак вреди 150 милиони евра, тогаш Кејн е барем…”

Долгогодишниот челник на Баерн се осврна на пазарната вредност на напаѓачите и актуелните …