Дома Фудбал Неста го избра најдобриот: Ван Дајк е моментално број еден

Неста го избра најдобриот: Ван Дајк е моментално број еден

Александро Неста, еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот, изјави дека моментално најдобриот стопер во светот е Вирџил ван Дајк.

Легендарниот Италијанец говореше за актуелните трендови во светскиот фудбал, статусот на Серија А, Милан, но најмногу внимание привлече неговата пофалба за ѕвездата на Ливерпул.

„За мене сега Ван Дајк е најдобриот. Бидејќи секоја година игра на исто ниво. Игра во Премиер лигата – според мене најсилна и најтешка лига на светот – и навистина мислам дека е број еден,“ истакна Неста.

Поранешниот стопер на росонерите сепак верува дека неговиот сакан клуб е на прав пат:

„Милан се враќа. Мислам дека работат добра работа. Ако продолжат вака, за две години би можеле да го освојат Скудетото,“ оптимистичен е Неста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најголемата ѕвезда на Словенија ќе го пропушти натпреварот со Македонија!

Репрезентацијата на Словенија ќе биде ослабена во натпреварот против Македонија бидејќи ов…