
Фудбалската репрезентација на Македонија под водство на Благоја Милевски продолжува да испишува блескави страници во историјата на нашиот спорт.
По бројните рекорди и значајни резултати во изминатите години, „црвено-жолтите“ вечерва во Гент ќе имаат нова можност да го продолжат својот неверојатен поход – да постигнат гол на 14-ти последователен официјален натпревар.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Импресивната серија започна на 17 ноември 2023 година со дуелот против Италија во Палермо, кога нашите беа поразени со 5-2, но сепак го најдоа патот до мрежата. Оттогаш, Македонија на секој следен натпревар во рамките на натпреварите под капата на ФИФА и УЕФА успева да постигне погодок – дури 13 пати по ред, што претставува најдолга голгетерска низа во историјата на репрезентацијата.
Досегашниот рекорд изнесуваше девет натпревари во низа, постигнат во периодот на квалификациите за Светското првенство 2018 и Лигата на нации 2018, но оваа генерација веќе одамна го надмина тој успех и пишува ново златно поглавје во македонскиот фудбал.