Дома Фудбал Македонија пред 31 година на гости во Белгија покажа дека може да не загуби! (Видео)

Македонија пред 31 година на гости во Белгија покажа дека може да не загуби! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Гент ќе го одигра натпреварот против Белгија во рамките на квалификациите за Светското првенство. Истото место за многумина потсетува на историскиот дуел од 1996 година, кога нашата селекција успеа да извојува големо реми — 1:1 против фаворизираната Белгија.

Тогаш, Белгијците први дојдоа до предност преку Берхејн во 32-та минута, но „црвено-жолтите“ не се предадоа. Во второто полувреме, по грешка на голманот Прудом, Бошковски ја искористи шансата и израмни на 1:1 — резултат кој остана непроменет до крајот на мечот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


СОСТАВОТ СО КОЈ НАСТАПИ МАКЕДОНИЈА ВО ТОЈ НАТПРЕВАР:

Целески, Јаневски, Јовановски, Марковски, Најдоски, Станојковиќ, Стојковски, Б.Ѓуровски, Т.Мицевски, Бошковски, М.Ѓуровски (замени: Серафимовски, Канатларовски)

селектор: Андон Дончевски

Денешниот меч носи големо значење — реми повторно би бил повеќе од добар резултат за Македонија. Нашата репрезентација е лидер во групата со 11 бодови, Белгија има 10 и натпревар помалку, додека Велс е трет со ист број бодови како и Белгијците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриена казната за фудбалерите на Тудор ако испаднат од Премиер лигата

Два натпревара, два пораза и шеснаесеттото место во Премиер лигата. Кратко кажано, тоа е с…