Дома Фудбал Статистиката е на страна на Белгија, но Македонија сака изненадување во Гент (Видео)

Статистиката е на страна на Белгија, но Македонија сака изненадување во Гент (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот ќе излезе на терен против Белгија, во рамки на квалификациите за Светското првенство. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Планет Груп“ во Гент и за нашите фудбалери претставува еден од најголемите предизвици во овој циклус.

Ова ќе биде вкупно шести дуел меѓу двете селекции, при што Белгија има убедливо подобар биланс – Македонија сè уште ја нема запишано првата победа. Сепак, историјата бележи еден резултат кој останува запаметен како голем успех на нашата репрезентација.

Се работи за 1994 година, кога Македонија како нова независна држава штотуку ги правеше првите чекори на меѓународната сцена. Под водство на легендарниот селектор Андон Дончевски, „црвено-жолтите“ во Брисел одиграа 1-1 против далеку поискусната Белгија. Домаќините поведоа со голот на Верхејен во 32. минута, но само осум минути по стартот на второто полувреме, Чедо Бошковски – Чоко израмни и му донесе на тимот историско реми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…